Дориев продолжува во топ форма - даде гол и асистираше, Согдиана победи! (ВИДЕО)

Љупче Дориев продолжува да игра во одлична форма во Узбекистан и денеска во триумфот над Машал Муборак запиша гол и асистенција.

Дориев прво во 33-тата минута му асистираше на Ивановиќ за голот за 2-0, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци на стартот од вториот дле во 52-та минута.

За Дориев ова е само продолжување на одличната форма со која игра во првенството каде е најдобар стрелец со 14 постигнати гола и пет асистенции по 20 кола. Неговата Согдиана пак се наоѓа на десеттата позиција на табелата.