Халанд го урна храбриот Ковентри, Тотнем и трет натпревар без победа (ВИДЕО)

Манчестер сити и по третото коло во Премиер лигата остана максимален откако денеска на свој терен славеше над Ковентри со 1-0.

Човек на одлука за „граѓаните“ и во овој натпревар против момците на Френк Лампард беше Ерлинг Халанд.

Се играше 26-тата минута од средбата кога Норвежанецот се најде на вистинското место по нафрлувањето од Семењо и со глава ја смести топката во мрежата. До крајот на средбата сити создаде уште некоја прилика, меѓутоа резултатот не се промени.

За издвојување е и моментот од второто полувреме кога Енцо Фернандез кој денеска дебитираше му аистираше на Халанд за втор погодок, меѓутоа набрзо реагираше ВАР и голот беше поништен поради офсајд.

Тотнем и денеска не ги израдува своите навивачи бидејќи ремизираше 0-0 против Нотингем и така по три натпревар и понатаму чека на прва победа по летото во кое потрошија над 350 милиони евра. Денеска можеа и третпат да загубат бидејќи Вилијамс ја погоди мрежата во 66-тата минута, но тој гол на домаќините беше поништен по реакција на ВАР.

На останатите три средби, Кристал палас на гости го совлада Фулам со 3-2, Брајтон ремизираше со Лидс 1-1, а со истиот резултат заврши и пресметката на Брентфорд и Сандерленд.