Новајлија е хит во Бундеслигата, режираше спектакуларен пресврт за втора победа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Елверсберг се вистински хит на почетокот од сезоната во Бундеслигата и откако во првото коло го добија Баер Леверкузен со 3-2 денеска режираа спектакуларен пресврт против Борусија Менхегладбах и славеа триумф од 4-3. 

Новајлијата во германската елита покажа неверојатен карактер, Менхенгладбах поведе во 11. минута преку Хуго Болин, но Давид Моква Нтусу израмни во 29. минута. Сепак, домаќинот на пауза замина со предност, бидејќи Болин со својот втор гол во 44. минута донесе 2-1.

Кога Џо Скали во 56. минута зголеми на 3-1, изгледаше дека Елверсберг ќе го доживее првиот пораз во Бундеслигата. Гостите, сепак, не помислија да се предадат.

Михаел Кратенмахер во 66. минута намали на 3-2, а Фисник Кајдел во 80. минута стрелаше за израмнување и најави драматична завршница. Целосниот пресврт се случи во третата минута од судиското продолжение. Кратенмахер со својот втор гол на натпреварот му донесе победа на Елверсберг од 4-3 и предизвика големо славје кај гостинската екипа.

Елверсберг така, по сензационалната победа над Баер Леверкузен сруши уште еден силен противник. Клубот од местото со само околу 13.000 жители штотуку влезе во највисокиот ранг, а по првите две кола има максимални шест бода и е најголемото изненадување во овие први две кола.

Фудбалерите на Елверсберг се вистински хит на почетокот од сезоната во Бундеслигата и откако во првото коло го добија Баер Леверкузен со 3-2 денеска режираа спектакуларен пресврт против Борусија Менхегладбах и славеа триумф од 4-3.