Aлкалоид тргна со победа во братската пресметка со Мулти Есенс
Лазаров настапи во комбиниран состав, но и така немаше проблем со Мулсти Есенс кој сезонава се врати во најсилното друштво. На паузата на семафорот стоеше 16-11, а Алкалоид во вториот дел „додаде гас“ за поубедлив триумф.
Дамјан Митев беше најефикасен со девет ггола, додека кај Мулти Есенс Давид Трајковски и Горзад Дамчевски постигнаа по шест.
Во вториот натпревар во истиот термин Прилеп со 38-31 беше подобар од Куманово.