Интер го покажа шампионскиот карактер - со голем пресврт го расплака Наполи! (ВИДЕО)

Интер по дербито со Наполи остана максимален во Серија А откако денеска во третото коло славеше победа со пресврт 3-2.

Првото полувреме донесе динамична игра, видовме по некоја прилика и на двете страни, меѓутоа мрежите мируваа.

Наполи фуриозно го отвори вториот дел и набрзина му даде два гола на актуелниот шампион. Политано стрелаше во 50-тата минута за 1-0 за само три минути подоцна Хојлунд да се погрижи за 2-0.

Но, место да продолжи со добрата игра, Алегри одлучи да се повлече и тоа тим како Интер знаеше да го казни. Мартинез во 56-тата минута намали на 2-1 за пред крајот на дербито во 82. минута Турам да погоди за израмнување.

Не застана Интер тука, почувствува дека може и до три бода, па токму тоа и се случи. Се играше судиското продолжение кога Лаутаро го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 3-2.