Деби гол за Јаховиќ: Прекината црната серија од 11 меча без победа на Анталијаспор (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, пред неколку дена потпиша за екипата на Анталијаспор, а денеска го имаше и својот деби гол во новиот клуб. Тој во победата од 3-0 на гостувањето кај Денизлиспор, го постигна првиот гол со кој ја најави убедливата победа на својот тим.

Инаку, ова е прва победа за Анталија по 11 меча без триумф (три нерешени и осум порази), со која излезе од опасната зона и најави грчевита битка за опстанок во првата турска лига.

Што се однесува до македонскиот интернационалец, ова за него е 12 гол сезонава во Суперлигата, откако претходно ги бранеше боите и на Малатијаспор, тим за кој постигна 11 погодоци во првата полусезона.