Дарко Тасевски ги скина лигаментите по острите стартови на еден летонски касап!

Поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Тасевски, претрпе тешка повреда во дресот на бугарскиот прволигаш, Славија Софија.

Играчот од средниот ред се повреди на натпревар против Спартак Јурмала, во која Славија победи против летонскиот клуб со минимални 1-0.

Неговата повреда ја потврди и предводникот на бугарскиот тим, Венцислав Стефанов, кој беше незадоволен од острите стартови на противничките фудбалери, па поради тоа Тасевски се здоби со повреда.

Дарко се здоби со тешка повреда, односно ги скина предните вкрстени лигаменти. Тој нема да биде во комбинација до крајот на сезоната. Игравме со едни Летонци, маваа ѕверски. Еден од нив стартуваше како „касап“ врз Тасевски. Тоа беше страшен дуел, изјави Стефанов.