Чурлинов избран за МВП во натпреварот во кој постигна атрактивен гол

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов го доби признанието МВП за натпреварот помеѓу Јагјелонија и Корона Киелце во рамките на најсилното полско првенство.

Јагјелонија во овој натпревар славеше победа од 3:1, а Чурлинов го постигна својот прв гол во полската Екстралига.

Македонскиот репрезентативец атркативно погоди со волеј на 20-тина минути пред крајот и ги постави конечните 3:1.

За Чурлинов ова е второ вакво признание откако претходно беше најдобар и во средбата со Краковија на неговото деби.