Барди може да се врати во Шпанија, клубот на Роналдо испратил понуда
Барди неодамна се раздели со турски Трабзонспор и сега би можел да се врати во Шпанија каде што го носеше дресот на Ваљадолид, клубот кој е во сопственост на легендарниот Роналдо.
Информациите се дека Ваљадолид испратил понуда и го чека одговорот на македонскиот репрезентативец.
Претходно во Ла Лига Барди го носеше дресот на Леванте од каде што замна откако овој клуб испадна во втората шпанска лига.