Ангеловски може да биде задоволен: Тричковски повторно погоди за АЕК Ларнака! (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски, се наоѓа во одлична форма, што воедно може а му послужи на селекторот Игор Ангеловски за двата квалификациски натпревари против Словенија и Полска.

Тричковски денеска постигна еден погодок во дресот на АЕК Ларнака, во триумфот на својот тим против Ашнас (5-1), во рамки на 5. коло од домашното првенство на Кипар. Тој беше стрелец на вториот гол во судиското продолжение во првото полувреме.

Инаку, дека навистина е во одлична форма покажува и тоа дека на последните четири меча постигна исто толку голови. Тој исто така ја затресе мрежата пред две кола, во дуелот против Ол. Никозја, додека беше стрелец ан два гола против Омонија. Двата меча завршија без победник 2-2.

Што се однесува до евроквалификациите, Македонија на 10. овој месец ќе ја пречека Словенија, додека три дена подоцна и гостува на Полска.