Зидан падна од коњ, а потегот како се извади е – хит (ВИДЕО)

Француската легенда Зинедин Зидан се најде во центарот на вниманието во периодов додека нема фудбалски ангажман поради еден потег за кој фудбалската јавност остана подзината.

Французинот јаваше коњ, па падна од него, но начинот на кој се извади за да избегне и некаква повреда е – вистински хит.

Навивачите искоментираа дека Зидан го исконтролира падот, како што ја контролираше топката.