Весела географија во Мексико: Партизан и Црвена Звезда се од – Чехословачка!? (ФОТО)

Еден од најкултните стадиони на светот без дилема е мексиканска „Ацтека“, стадионот на кој блеснаа двете најголеми фудбалски имиња, Пеле со третата светска круна во 1970 година и Диего Армандо Марадона со „златната божица“ за Аргентина во 1986 година. На овој стадион сега Мексиканците прописно се избламираа.

На „Ацтека“ гостувале многу клубови, многу фудбалски репрезентации, а меѓу нив и белградските великани Партизан и Црвена Звезда. И на „Ацтека“ решија да ги закачат сите грбови на клубови кои гостувале на култниот стадион. Ги ставија и тие на Партизан и Ц. Звезда, ама ја утнаа земјата од која доаѓаат. Наместо Србија, СФР Југославија ако се враќале во минатото, Мексиканците ставија – Чехословачка.