Венеција се мајтапеше со „Тик Ток“, па добија барање да го избришат постот (ФОТО)

Италијанскиот калчолигаш Венеција во овој празен период реши да се мајтапи со ултрапопуларната мрежа „Тик Ток“, преку својот твитер-профил на англиски јазик, но сите во клубот останале шокирани од експресната реакција и барање што им стигнала како одговор.

Венеција на твитер-профилот објави информација дека отвориле профил и на Тик Ток.

„За жал, на 'Тик Ток' сме. Ако имате 12 години, следете нѐ таму“, објавила Венеција.

Брзо после тоа им стигнала реакцијата која ги оставила сите – без зборови.

„Неверојатно е дека од 'Тик Ток' ни пратиле мејл и бараа да го избришеме овој твит“, објавија од Венеција.

Овој клуб во минатата сезона играше во Серија А, но не успеа да го сочува статусот во елитата.