Израелците се враќаат во Белград - Макаби и Хапоел пак домаќини во „Пионир“!

Кошаркарските екипи на Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим во наредниот период нема да можат на домашен терен да играат во Израел, натпреварите ќе ги организираат во Белград поради безбедносната ситуација на Блискиот исток.

Според информациите од израелските медиуми, двата клуба донеле одлука привремено да се тргнат од Израел додека трае војниот конфлукт, а српската престолнина е избрана како најповолна опција за нивните натпревари.

Макаби веќе играше во Белград во претходниот период кога имаше воен конфликт меѓу Израел и Палестина. Тогаш дел од сезоната ја минаа надвор од својата земја.

Хапоел Ерусалим кој настапува во Еврокупот, исто така до крајот на сезоната ќе игра во Белград.

За разлика од нив, евролигашот Хапоел Тел Авив своите натпревари ќе ги игра во Атина.