Ново странско засилување за Маџари, потпишаа со српски кошаркар
Савиќ е кошаркар кој во Маџари доаѓа да се бори под обрачите, онаму каде што тимот беше најтенок во досегашниот дел од сезоната. Тој може да игра на позициите четири и пет.
Србинот во Маџари доаѓа од екипата на Џокер од Србија каде оваа сезона имаше просек 8,5 поени по натпревар и пет скокови.
Тој има настапувано во универзитетската лига во САД, а играл и за Слога Краљево и босанскиот тим Спарс.
Маџари во овој момент е на петтото место на табелата.