Хрватите прокоцкаа предност од 15 поени - пораз од Германија!

Во исклучително драматичен натпревар во кој се играше и продолжение, Германија ја победи Хрватска со 91-89 во меч од квалификациите за Светското првенство.

Германците им се одмаздија на Хрватите за поразот од пред два дена, а коцкестите може да жалат за пропуштеното бидејќи пропуштија голема предност.

Хрватска водеше во речиси целиот натпревар, а во еден момент предноста им беше и на 15 поени разлика, но Германците не би биле Германци ако се предадат. Играа максимално и стигнаа до продолжение, а во него и до победата од 91-89.

По четири одиграни меча Хрватска и Германија имаат по идентични седум бодови, три победи и еден загубен меч. Следува Израел со две победи, двете над Кипар. Ова значи дека Хрватите, Германците и Израелците на две кола до крајот се изборија за место во втората рунда квалификации за Светското првенство.