Фудбалот се менува - два европски великани ќе се борат за опстанок!
Примерите кои се актуелни во овој момент ни доаѓаат од Романија и Данска.
Романскиот гигант Стеауа кој е банител на титулата во оваа земја, не успеа да влезе во плејофот од оваа сезона, па до крајот им останува битката за опстанок во лигата.
Речиси идентична е ситуацијата и во Данска. ФК Копенхаген кој исто како и Стеауа е бранител на трофејот, ќе се бори за опстанок. Големиот дански клуб ќе игра во плејаутот.
Романија и Данска ќе добијат нови шампиони. Најблиску до трофејот во романскиот шампионат е Универзитатеа Краковија, а кај Данците лидер е Архус.