Бивш фудбалер на Ц. Звезда се јави од Дубаи: Бомба експлодираше на 50 метри од нас!

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда и бугарски интернационалец, Благој Георгијев се јави од Дубаи кој е под напад од Иран во претходните часови.

Георгијев открива дека една од бомбите паднала на 50 метри од возилото во кое се наоѓал додека патувал кон хотелот.

„Пристигнавме во Дубаи од Малдивите. Вчера требаше да летаме за Бугарија. Седнавме во авион, а потоа го откажаа летот. Никој не знаеше што да прави, па си тргнавме кон хотелот, а на 50 метри од нас експлодира бомба. Ситуацијата не е добра“, открива бившиот фудбалер.

Фото: EPA