Домен Превц „прелета“ 245,5 метри во Австрија и постави нов рекорд (ВИДЕО)

Словенечкиот спортист Домен Превц успеа да постави нов рекорд на скокалницата во Кулм, Австрија, откако скокна 245,5 метри во финалната серија.

Со овој скок, Домен го надмина неговиот брат Петер Превц за 1,5 метри и го урна рекордот стар 10 години.

Превц скокна 238 метри во првата серија, а потоа следеше рекордниот лет од 245,5 метри.