Нов проблем за Барселона - се повреди Левандовски

Каталонскиот клуб денеска објави дека напаѓачот претрпел фрактура на лицето за време на натпреварот против Виљареал и нема да биде достапен за мечот на кој Барса треба да брка негатива од четири гола. 

„Играчот од првиот тим, Роберт Левандовски претрпе повреда на главата на вчерашниот натпревар против Виљареал. Тестовите извршени денес дијагностицираа фрактура на коската на внатрешната страна од левата очна празнина. Тој ќе го пропушти натпреварот против Атлетико во вторник“, се вели во соопштението.

Клубот одби да прецизира колку долго играчот ќе биде надвор од теренот, но не е исклучено Полјакот да игра против Атлетик Билбао следната сабота во 21:00 часот. Главната цел, сепак, е напаѓачот да биде достапен за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Њукасл, на „Сент Џејмс Парк“ на 10 март.