Дефанзивците на Арсенал му донесоа голема победа во дербито на Лондон против Челси! (ВИДЕО)
Челси беше тимот кој важеше за една од најопасните мини за Арсенал на патот до титулата, овој предизвик е успешно совладан од страна на топчиите.
Домаќините релативно рано дојдоа до предност, во 21. минута Салиба постигна гол за водство на Арсенал од 1-0, а му асистираше Габриел.
Предноста траеше до судиското продолжение од првото полувреме кога Инкапија си постигна автогол за израмнување на 1-1.
Во 66. минута Арсенал го врати водството, а стрелец на голот пак беше дефанзивец, овојпат погоди Тимбер за 2-1.
Ситуацијата за Челси се влоши во 70. минута кога Нето заработи втор жолт картон, само три минути откако го доби првиот, сините останаа со играч помалку.
Арсенал го приведе мечот до крај, и се израдува на многу важна победа.