Валенсија ја совлада Осасуна, „чиста мрежа“ на Димитриевски (ВИДЕО)

Фудбалерите на Валенсија триумфираа против Осасуна со 1-0 во 26. коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот голман Столе Димитриевски остана несовладан.

Голот за победа на „лилјаците“ го постигна Рамазани во 67. минута од пенал, а Димитриевски немаше многу работа на голот до крајот на средбата.

Валенсија се наоѓа на 14. место со 29 бодови, додека Осасуна е на 10. позиција со 33 поени.