Тудор само на два меча го водеше Тотнем, а веќе му се закaнува - отказ!
Уште пред да почне со работа Хрватот беше на нож на англиските медиуми кои пишуваат дека тоа е лош избор за нов тренер на Тотнем.
На ваквите пишувања им се поклопија и резултатите на неговите први два меча како тренер на тимот од Северен Лондон.
Тотнем под водство на Хрватот најпрво загуби од најголемиот ривал, тимот на Арсенал, а денеска беше поразен на Кревин Котиџ од Фулам.
Вечерва почна да се пишува дека се тресе столчето на Тудор и тој наскоро би можел да добие отказ, тоа би било едно од најбрзите отпуштања во Премиер лигата.
Тотнем во следното коло пак за противник има лондонски ривал, на домашен терен го пречекува тимот на Кристал Палас и од тој резултат може да зависи иднината на Тудор.
Евентуален пораз би предизвикувало паника кај раководството на клубот поради можноста да се испадне од лигата, а таквата паника се претпоставува дека може да донесе нова тренерска смена.