Вака се слави титула: Цел тим во стриптиз клуб, а танчерката со гол задник игра над – пехарот (ВИДЕО)

Атланта јунајтед е американски првак со освојувањето на пехарот во МЛС-лигата по триумфот во плејоф-финалето против Портланд со 2-0 и тоа по само две години во најелитното друштво во американскиот фудбал.

И големиот успех на оваа франшиза во САД, фудбалерите знаеа добро да ја прослават. Сите заминаа во стриптиз клуб. Таму пехарот кај танчерката, а таа со голиот задник меша над него. Видеото и сликите се појавија по социјалните мрежи, што наиде на одобрување, зашто градот нема видено шампионски трофеј од 1995 година.

Последен пат еден спортски клуб од овој град се радуваше на титула пред 23 години и тоа бејзбол-тимот Атланта Брејвс.

Инаку на улиците на Атланта излегоа десетици илјади луѓе за да го прослават триумфот, иако се работи за најмалку популарниот спорт во земјата, во споредба со другите спортови – американски фудбал, бејзбол, НБА...