Урнебесно: Бугарски рапери направија песна за – Килијан Мбапе (ВИДЕО)

Француската тинејџерска сензација Килијан Мбапе, кој на последното СП во Русија беше прогласен за најдобар млад фудбалер е инспирација и во Бугарија. Рапери од источниот сосед снимија песна и спот за фудбалерот на ПСЖ и веќе преку еден милион луѓе ја виделе и слушнале песната за брзоногото крило.

Песната е на раперот Фире, а автор е Витез. Двајцата се 22-годишни Бугари, а интересно двајцата се фудбалски фанатици и навивачи на спротивставени групи. Фире е навивач и ултрас на ЦСКА, а Витез на Левски. Но, ривалството во Бугарија го забораваат зошто имаат идол од Франција.

Инаку оваа песна официјално е пуштена на 15 август, но дури сега стана хит и во Франција.