Уникатен во сѐ: Златан го нарече Лукаку - вуду магаре, а подоцна беше исклучен (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ направи вистинско шоу во првиот час игра на четвртфиналната пресметка од Купот на Италија помеѓу градските ривали Интер и Милан, кога прво постигна гол за водство на „росонерите“, потоа влезе во физички и вербален дуел со Ромелу Лукаку, за на крај да добие – црвен картон.

Швеѓанецот погодокот го постигна во 31. минута, а пред крајот и по завршувањето на првото полувреме беше инволвиран во голем инцидент во кој прво се туркаше со главите со белгискиот напаѓач на противникот, а потоа се пцуеше на цел глас. Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ му рекол на Лукаку „ќе те е*бам и тебе и женати“ и дека во иста конотација на спомнал и неговата мајка, а некако најуникатна навреда е тоа што го нарекол – вуду магаре.

За сето ова тој доби жолт картон, а потоа на истекот од еден час игра доби уште еден поради прекршок над Коларов од зад грб, поради што мораше предвреме да замине во соблекувалната. Тоа го казни токму Лукакусо изедначувачки погодок од пенал во 71. минута.