Ултрасите на ПАО ги „нападнале“ клупските простории, па си го земале последниот освоен пехар (ФОТО)

Еден од најголемите грчки клубови Панатинаикос одамна не е конкурент за највисок пласман во грчкиот фудбал, па веќе цела една деценија, сериозно заостанува зад ривалите во трката за трофеи, што навивачите едноставно не може да го поднесат тој предолг пост, па решија да ја земат работата во свои раце за да издејствуваат промени.

Грчкиот великан моментно е 11-то пласиран во грчката Суперлига, па познатата ултрас група „Гејт 13“ изведе „герилска акција“ и влезе во просториите на клубот барајќи смена на газдата Јанис Алафозус и комплетното раководство на ПАО.

Во акцијата, ултрасите со себе го понеле и пехарот од грчкиот Куп освоен во 2010 година, како симбол на последниот пехар кој дошол во клупските витрини.

На раководните лица им порачале дека пехарот ќе го вратат кога ПАО повторно ќе биде голем, а дотогаш...

Πριν από λίγη ώρα αντιπροσωπεία της θύρας 13 βρέθηκε στα γραφεία της ΠΑΕ. Η κίνηση αυτή πραγματοποιήθηκε με σκοπό να...

Posted by Gate 13- Est 1966 on Tuesday, October 27, 2020