Тргна да се тепа со своите навивачи, откако навредија противнички фудбалер (ФОТО)

Мечот меѓу нисколигашите Хартлпул и Довер во Англија го одбележа караница меѓу навивачите и фудбалерите.

Довер поведе во 37. минута од пенал, а стрелец беше Иних Ефионг, кој реши да го прослави погодокот, по што следуваше пауза од 11 минути зашто навивачите на домашниот тим почнаа караница со противничкиот фудбалер, но и со еден од своите.

Гас Мафута реши да се вмеша во конфликтот, кога навивачите го нападнаа фудбалерот на Довер, зашто слушнал расистички навреди.