Тренерот на Алиоски на прослава на јубилеј дојде во - тренерка (ФОТО)

Тренерот на Лидс јунајтед, Марсело Биелса ја изненади англиската фудбалска јавност и повторно покажа зошто е посебен на прославата на големиот јубилеј на клубот.

„Лудакот“ на прославата на 100-годишнината од создавањето на Лидс пристигна и тоа во тренерка на клубот, а не беше облечен како останатите присутни во костум.

Биелса остана верен на својот стандарден начин на облекување, иако сите останати беа свечено облечени, а слично нешто направи и пред година ипол кога стана тренер на Лидс.