Трагедија во Еквадор: Во сообраќајна несреќа загинале – 12 навивачи!

Најмалку 12 навивачи на еквадорскиот прволигаш Барселона СЦ загинаа, а преку 30 се повредени во трагедијата која се случила откако автобус со приврзаници на овој клуб се превртел, јавија светските медиуми.

Навивачите на Барселона СЦ се враќале од гостувањето кај Куенка, а засега нема информации за причината за сообраќајната несреќа. Станува збор за еден од најпопуларните еквадорски клубови, а по трагедијата цел Еквадор изразува сочувство до настраданите и до клубот.

Официјалните лица од еквадорскиот сообраќај објавија дека автобусот бил во исправна состојба и сите потребни дозволи, откако во февруари годинава го минале техничкиот преглед. Очевидци објавија дека возачот на автобусот се обидел да претекне друго возило непосредно пред несреќата.

Според статистиката дневно во Еквадор гинат по седум луѓе, а во 96 отсто од случаите причината за несреќите е човечка грешка.