Светски првак доби ќотек, па го исфрлија од забава на брод (ВИДЕО)

Андерсон Питерс стана светски шампион во фрлање на копје, но по враќање во татковината се соочи со непријатни моменти на една забава на брод.

Питерс се скарал со пет мажи, кои го нападнале и го претепале, а потоа го исфрлиле 24-годишното момче од бродот.

„Тажен сум поради тоа што го видов“, кажал премиерот на Гренада, а на социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот.