Средношколски кошаркар во САД нокаутира соиграш при ракување, па заврши во притвор (ВИДЕО)

Средношколскиот кошаркар од „Карлајл Хај Скул“, Картер Преносил заврши во притвор откако без причина нокаутира противнички играч при поздравувањето на двете екипи по завршување на еден меч, па американската јавност остана згрозена од сѐ поголемиот бран на насилство кој пречесто се прелева и на спортските натпревари кај тинејџерите.

Преносил е обвинет за кривично дело од Ц-класа, намерно повредување, па заглави во притвор и потоа со кауција беше пуштен, но сега се соочува со судска постапка поради која може да оди во малолетнички затвор, бидејќи има 17 години.

„Ова не смее да се толерира. Вакво насилство не смее да има. Ова е многу несреќна и вознемирувачка ситуација. За среќа нашиот кошаркар ќе биде добро“, рекле од ривалскиот клуб на Карлајл.

Тај Дитмар е повредениот кошаркар кој здобил потрес на мозокот и раскрвавена усна после ударите од Картер