​Сопругата на Марез „флертувала“ со боксер, а потоа следувало шок!

Во последните неколку денови главна тема во британските медиуми беше Ријад Марез и неговата сопруга Рита.

Според многумина, сопругата на Марез потсетува на Ким Кардашијан, но необична ситуација се случила при една забава во ноќен клуб. Во клубот имало неколку фудбалери на Манчестер Сити, а меѓу нив и сопругата на Марез, како и боксерот Деонтеј Вајлдер.

На Островот се пишува дека Вајлдер ја „поканил“ сопругата на Марез на своето сепаре, по што таа прифатила, и тоа пред неколку фудбалери на Манчестер Сити.

Тие разговараа, се смееја... Хемијата меѓу нив беше очигледна. Само затоа што имаше многу познати лица од клубот, ништо не се случи, наведува британскиот таблоид „Сан“, кој не го откри изворот.

Неколку минути подоцна до Рита се доближила сестрата на Марез, која се обидела да ја одвои од боксерот. Набргу потоа Марез дознал за флертувањето, па веднаш пристигнал во ноќниот клуб, видно вознемирен.

Ријад беше шокиран и вознемирен. Тој не можеше да разбере што се случува, велат медиумите, додавајќи дека имало среќа што фудбалерот не предизвикал голем инцидент, бидејќи нема да поминел добро по расправии со еден од најдобрите боксери.

Инаку, Ријад и Рита се во брак од 2015 година и имаат две деца.