Златан Ибрахимовиќ ужива на одмор на луксузна јахта со своето семејство, а фоторепортерите будно го следат секој негов чекор.

Тие успеаа да го фотографираат Швеѓанецот покрај синовите Максимилијан и Винсент, како и неговата сопруга Хелена Сегер, која на 25 август ќе наполни 50 години и која е 11 години повозрасна од Ибрахимовиќ.

Љубовната приказна на Ибра и Хелена почна пред 18 години на една забава, а шведскиот напаѓач неколку пати кажа дека постои само една жена во неговиот живот, иако се поврзуваше со многу други девојки.

А кога ќе ги погледнете фотографиите ќе разберете и зошто така потенцира Ибра каде и да се појави.