Славна група ќе пее на венчавката на капитенот: Рамос ќе организира свадба или концерт?

Капитенот на мадридски Реал, Серхио Рамос на 15 јуни конечно ќе се ожени со својата долгогодишна девојка Пилар Рубио, а шпански „АС“ откри дека голема и екстра популарна група ќе свири на венчавката - „Еј-Си-Ди-Си“ или „Аеросмит“.

Според информациите на „АС“, Рамос и Пилар ќе се венчаат во катедрала во Севилја на 15 јуни, а потоа ќе заминат во Мадрид на имотот на капитенот на „кралевите“, каде ќе има свадбена веселба. Само што, весникот прашува дали Рамос ќе организира венчавка или концерт, сооглед дека ангажирал џиновска група, која во минатото правеле концерти на кои имало најмалку по 100.000 луѓе.

„Ќе биде нешто големо, но сега не можам да кажам. Пресреќна сум што конечно ќе ја облечам венчаницата и после толку време ќе се случи свадбата“, рекла Пилар.

Наводно, повеќе месеци Рамос преговарал со двете екстремно популарни групи и конечно е договорен нивниот настап пред роднините и пријателите на идниот брачен пар за време на свадбената веселба. Инаку на свадбата никој нема да може да носи мобилен телефон, за да може сите гости и познати лица максимално да се опуштат и да не стравуваат дека некаква фотографија ќе излезе во јавноста.

Рамос и Пилар се во врска од 2012 година и имаат три деца.