Скандал во Русија поради еротска фотосесија на – фудбалски стадион (ФОТО)

Рускиот прволигаш Ростов се најде во средина на голем скандал, откако челниците на овој тим беа приморани да го отпуштат директорот на стадионот, Павел Гавриков, поради тоа што дозволил на него да се одржи еротска фотосесија.

Сега веќе поранешниот директор, минатиот месец дал дозвола за снимање календар со девојки облечени во костими за капење за солидна сума пари, на што не се бунеле ниту луѓето од клубот. Но, проблемот се случил кога фотосесијата всушност не била за костими за капење туку за долен веш и тоа ептен оскуден.

Шокот бил голем кога во јавноста се појавила фотографија од сесијата, која бил на границата помеѓу еротика и порно, што дефинитивно значела крај за Гавриков. Луѓето од рускиот прволигаш сега водат битка да го сопрат објавувањето на останатите слики.

Ростов арената е за потребите на Мундијалот што во 2018 година се одржа во Русија.