Скандал во Париз: Нејмар му ја украл свршеницата на соиграч од ПСЖ?

На повидок е голем скандал во Пари Сен Жермен, најави магазинот „Чи“ во кој љубовна афера може да донесе експлозија во соблекувалната со главна улога на – најскапиот светски фудбалер Нејмар.

Според магазинот, Нејмар направил потег „а ла Икарди“, па му ја украл свршеницата на својот клупски другар Кевин Трап, холандскиот голман кај „светците“ и сега е во љубовна врска со моделот на Викторијас Сикрет, Изабел Гулар.

Магазинот објавува дека љубовната афера се случила за време на карантинот поради пандемијата со коронавирус, па Нејмар и Гулар избегале во Бразил, зашто во тој момент кога Ковид-19 жестоко удри во Европа, најфудбалската земја на светот немаше проблеми со вирусот како сега и беше „чиста зона“. Во тој карантин, а излегуваа често фотографии од забави на кои се и Гулар и Нејмар, почнало сè. Прво преку флерт, па завршило во кревет. И сега наводно, Гулар го оставила Трап и веќе е во љубовна врска со Нејмар.

Трап беше на заем во Мајнц и сега ќе се врати во редовите на ПСЖ, ама останува неизвесно дали Нејмар ќе успее овојпат да избега од Париз и да се врати во Барселона, а тоа може да го направи со преубавата манекенка оставајќи го голманот сам во француската престолнина.