Навивачите на Ливерпул направија скандал со знаме од голиот Ориги (ФОТО)

Навивачите на Ливерпул направија скандал во Белгија, откако на мечот против Генк истакнаа непристоен транспарент од нивниот фудбалер Дивок Ориги.

Тие пред почетокот на мечот на трибините поставија фотографија од нивниот напаѓач кој во рака го држи својот пенис, а покрај тоа е трофејот од Лигата на шампиони.

Обезбедувањето брзо реагирало и 35 минути пред стартот на средбата го одземало транспарентот од навивачите.

УЕФА ќе почне постапка против Ливерпул, па тие би требало да бидат казнети, а се очекува дека висината на казната ќе биде 25.000 евра.

Од Ливерпул го осудија потегот на навивачите кој се поврзува со расизам.

„Ливерпул го осудува трансапрентот прикажан на нашиот дел од трибините пред мечот. Да бидеме јасни, сликата употреби расистички стереотип“, порачаа од таборот на „црвените“.