Сите јадат ќебапи со кромид, само Леброн со - банани (ФОТО)

Леброн Џејмс, како и многу обични луѓе, денеска на „Инстаграм“ го постираше својот ручек. Од она што може да се забележи е дека неговиот оброк се состои и од балканската кујна. 

Во очигледно богатата трпеза, кошаркарот на Кливленд во својата чинија имаше и четири ќебапи, а крај нив банани. Како го искомбинирал едно со друго навистина не знаеме, бодејќи во Македонија традиционално ќебапи се јадат со кромид, малку буковец и лепиња. 

Би му препорачале „10-ка со кромид“ во Стара скопска чаршија, да види што е ќебап.