Симеоне пред инфаркт: Атлетико Мадрид го има промашувањето на векот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се на добар пат да дојдат до три големи бода на гостувањето кај Бетис, со оглед на водството со 2-1 кон средината на второто полувреме, но и покрај тоа тренерот Диего Симеоне ќе биде бесен на своите избраници.

Причина за тоа е промашувањето на векот, кога тројца фудбалери на актуелниот шампион се најдоа сами пред домашниот голман, но одреагираа аматерски и наместо да постигнат лесен гол, се посрамотија ептен многу. Дури и коментаторите не можеа да се воздржат па се изнасмеаја на неверојатната утка.

Стрелец на двата гола за Атлетико Мадрид беше Жоао Феликс и тоа во втората и во 61. минута, додека Тело во петтата минута од судиското продолжение реализираше за Бетис.