Шкотски аматерски клуб го има најјакиот дрес во историјата на фудбалот (ФОТО)

Никој во светот на фудбалот немаше слушнато за аматерскиот клуб од Шкотска наречен Њукрегхол Леит Викторија, но тоа се промени по промоцијата на новите дресови. 

Овој клуб преку ноќ стана сензација откако го промовираше дресот за новата сезона. Главен спознор на клубот е пивото Тенетс, па дресот е дизајниран во вид на полна чаша пиво. 

Фудбалските фанови полудеа по дресот и веќе ги разграбаа сите парчиња од онлајн продавниците. Тој се продава по цена од 37,99 фунти, а се очекува повторно да го има на „лагер“ во октомври.