Шкотите бесни на навивачите на Ренџерс: Сега да се тресеме колку новозаразени ќе има!

Глазгов Ренџерс по цела една деценија, во која истурка и многу тежок период со банкротот и испаѓањето во четврта лига, стигна до шампионската титула, 55-та во својата историја во шкотскиот фудбал, но сцените од забавата на навивачите пред „Ајброкс“ им ја крена косата на глава на државните и здравствени власти.

Навивачите спектакуларно како во нормалните времиња си ја прославија шампионската круна, а воопшто никој не ни стравуваше од присутните за опасноста од зараза од коронавирусот, по што Владата и полицијата со жестоки критику удрија по навивачите, ама свикаа и итен состанок.

Приврзаниците на Ренџерс славеа пред „Ајброкс“, ама и во центарот на градот и сцените од масовната забава, сега ги плашат сите во земјата, дали ќе има експлозија од зараза.

„Разбираме дека луѓето сакаат да прослават, ама зарем славје за една титула е поважно од севкупното здравје? Ние се бориме со опасен вирус, не само Шкотска, туку цел свет и потоа доаѓаат навивачи за да направат вакво нешто“, рекле од градската управа.

Марк Сатерленд, цисок офицер во глазговската полиција, пак, уште пожестоко распали по навивачите на клубот.

„Сега секој ден ќе се тресеме и ќе стравуваме да не има експлозија на зараза. Ќе се тресеме какви последици оваа неодговорност може да донесе. Веќе разговаравме со државните и здравствените власти. Ќе имаме итен состанок после ова. Јас разбирам емоции кон клубот, ама вакво однесување е – неразбирливо. Требаше да се слави кога ситуацијата е нормална или да се сочека нормализација, а не вака“, вели Сатерленд.

Лани Ливерпул имаше корона-забава после првата шампионска титула на „црвените“ по три децении пауза, сцени кои ги осудија англиските власти, но немаше потоа докази дека масовното славје по улиците донело некое поголемо зголемување на заразените, иако се шпекулираше за такво нешто во англиските медиуми.