Селекторот на Косово збесна, а потоа го смени расположението пред камерите (ВИДЕО)

Англија синоќа славеше против Косово со 5-3 во квалификациите за Евро 2020, а селекторот на нашиот сосед Бернард Чаландес беше во центар на внимание.

Косово водеше со 1-0 уште од првата минута, но потоа Англија го бомбардираше голот на гостите и им даде пет гола, а тоа го налути Чаландес, кој збесна во еден момент, но штом ја забележа камерата веднаш го смени расположението и се насмеа.