Се закани дека ќе направи масакр на меч во Англија, па заврши во затвор!

Англиската полиција утрово уапси лице, кое се заканило дека вечерва ќе направи масакр над навивачите на Портсмут.

Момче на 22-годишна возраст заврши зад решетките, откако на интернет се заканил дека ќе убива домашни наввачи.

„Бомба, бомба и 'Фратон Парк' ќе летне, а навивачите на Портсмут ќе бидат мртви. Би било забавно да се знае дека ќе си на ударна вест утре“, најавило момчето.

Сепак, полицијата реагирала експресно и го уапсила момчето, па на него ќе му се суди во наредниот период.