Ана Семенович беше многу перспективна руска уметничка лизгачка, која се натпреваруваше во танцови двојки во 90-те години од минатиот век. И предвидуваа блескава кариера, но на само 19 години се откажа поради повреди и недостаток на мотивација.
Ана сега има 38 години и работи како пејачка, глумица и модел за магазини, а сега ја отвори душата конечно раскажвајќи ја приказната за својата спортска кариера која секогаш остана во сенка на нејзините -бујни гради.
„Не беше важно какви резултати имам, што работам. Јас освојував медали за мојата земја, ама сето тоа беше џабе. На сите им беа во прв план – моите гради. Имав чувство дека во цела Русија само јас имам големи гради“, вели Семенович.
Сепак, по кратката спортска кариера, кога веќе сфатила дека бујните гради се попривлечни од златните медали, па сето тоа го искористила за својата пејачка и актерска кариера. Почнала во еден бенд, а од 2007 година има соло-кариера. Во 2008 година глумеше во руската шпионска комедија „Хитлер гоус Капут!“, кој беше еден од најгледаните филмови во таа година.