Рома си купила фудбалски маѓосник: Анте Ќориќ жонглира со портокал! (ВИДЕО)

Анте Ќориќ оваа пролет потпиша од Динамо во Рома за отштета од осум милиони евра и најави дека ќе биде следната голема фудбалска ѕвезда од Хрватска. Веќе ги воодушеви Италијанците со едно видео на Инстаграм.

Младиот креативец објави видео на кое жонглира со портокал. И тоа не обично и едноставно, туку прави финти како „фристајл“ жонглерите со топка. 

Тој има 21 година и во мај премина во Рома за отштета од осум милиони евра. Потпиша петгодишен договор и се согласи на плата од еден милион евра годишно.

 

Whaaaat? OK EVERYTHING OK 🍊😍

A post shared by Ante Ćorić (@ante_coric24) on