Прилепчанец се збогати во „Моцарт“ - доби половина милион евра!

Прилепчанец ја олеснил спортската обложувачница „Моцарт“ за неверојатни половина милион евра, откако успеал да фати неколку тикети со ист број на мечеви, а вечерва ги погодил последните два меча од Лигата на шампионите.

Порталот „спортски.мк“ го објави тикетот на прилепчанецот, кој врзал мечеви од неколку дена и денеска ги чекал последните два меча во европската елита, Севилја – Манчестер јунајтед (0-0) и Шахтер – Рома (2-1). Овој тикет го одиграл неколкупати, а добивката на 40 денари по тикет му бил 4,6 милиони денари.

Овој прилепчанец кој се збогати преку ноќ, одиграл да не загуби Манчестер јунајтед со двознак Х2, додека на дуелот во Киев чекал помеѓу два и пет гола. Откако завршиле дуелите, славјето почнало.