Позната тенисерка добила соба со неочекуван „цимер“ - глушец! (ВИДЕО)

Организаторите имаат проблем со Австралијан опен, односно новите услови кои се поставени поради пандемијата на ковид-19. Сепак, интересно е тоа што една тенисерка добила соба во која ја чекал неочекуван „цимер“, односно глушец.

Јулија Путинцева се пожали дека во нејзината соба има глушец и веќе два часа се обидувала да ја промени, но никој не сакал да ѝ помогне поради ситуацијата со вирусот.

„Се обидувам веќе два часа да ја променам собата! И никој не дојде да ми помогне поради проблемите со карантинот“, напиша Путинцева.