Полноќна битка на улиците на Севилја: Летале камења и столчиња (ВИДЕО)

Шпанската полиција имаше полни раце работа минатата ноќ и приведе пет германски навивачи поради нередите пред финалето во Лига Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс, кои ќе играат во Севилја од 21 часот.

Полицијата соопшти дека на навивачите им бил одреден притвор поради тепачка со шкотските фанови и полицијата околу полноќ.

Тие фрлале камења и столчиња од еден локал, по што ја нападнале полицијата со факели, а засега не е познато колку лица се повредени.