Погба може да продолжи со фудбалот за плата од - 1.500 евра

Минатата недела на Пол Погба му беше потврдена четиригодишната суспензија поради допинг што веројатно ќе значи и на крај на неговата професионална кариера.

Сепак, можно е тој да продолжи со играње фудбал на аматерско ниво, ако ја прифати понудата од Русија. Тутоспорт објави интересна приказна дека Погба добил понуда да настапува во фудбалска лига на славнни личности и тоа во тимот Броук Бојс.

Проектот е почнат во 2022 година, а екипите се составени од славни личности од сите сфери на животот. Спортскиот директор на Броук Бојс испратил понуда до менаџерката на Погба, Рафаела Пимента според која фудбалерот би имал месечна плата од 1.500 евра, плус бонуси.

До минатата сезона, Французинот заработуваше по десет милиони евра годишно, па во Русија би можел евентуално да замине само колку да остане во добра кондиција.